Заев: За секое вработување одлучува кадровската комисија на СДСМ (ВИДЕО)

Зоран Заев освен тоа што го спроведува своето антидржавно сценарио, е и крајно лицимерен, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

- Од една страна невешто сака да се престави себе си како загрижен за состојбата со вработувањата, а од друга страна самиот тој на јавни политички настапи и обраќања на партиски трибини зборуваше дека во општината Струмица и во останатите институции каде што е на власт СДСМ за сите вработувања одлучува партиската кадровска комисија на СДСМ, и дека масовно ќе се бркале луѓе од работа ако СДСМ дојде на власт, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Зоран Заев, нагласуват од владејачката партија, сака да се заборави и избрише од колективната меморија на граѓаните дека токму тој изјавуваше дека ако СДСМ дојде на власт лично тој  ќе јаде живи луѓен и дека ќе ги брќа луѓето од работа од хигиеничар до министер и на нивно место ќе вработува луѓе за кои ќе добие насока и одлука од кадровската комисија на СДСМ.

-Во Струмица овие 2744 луѓе се вработени со одлуки на кадрови комисии на СДСМ, од хегиеничарот во Еленица до некој директор коe е во некоја институција која што е под општината, одлучува кадрова комисија на СДСМ, моја задача е да го отворам работното место, како градоначалник кои што СДСМ го номинирала за да биде мандатор за градот Струмица да го води, тоа ми е задачата да ги отворам работните маста а кадровата комисија на СДСМ одлучува кои да биде вработен, рече Заев на една апртиска трибина во минатото.

За партискиот реваншизам кој го практикуваше СДСМ, потенцират од ВМРО-ДПМНЕ, најдобро говорат и примерите на бркање од работа на над 1 100 работници од ЕСМ, над 800 работници од ПУИГ, стотици избркани од работа од полицијата, Македонски Шуми, јавните здравствени установи и другите државни инстиуции , лица кои преку ноќ во 2002 година останаа без работа, само затоа што не беа вработени од партиската кадровска комисија на СДСМ.

 

 

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 17:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега