Европа неделава ќе ја крои судбината на Македонија

 

Македонска собраниска делегација од денеска учествува во работата на ПССЕ во Стразбур. Летната сесија е позначајна бидејќи на неа ќе биде разгледан извештајот за постмониторинг дијалогот на ПССЕ со Република Македонија. Овај извештај изготвен од британскиот парламентарец Роберт Волтер, беше усвоен од страна на Мониторинг комисијата на ПССЕ пред околу еден месец.

Претседателот на ПССЕ, Жан-Клод Мињон денеска пред почетокот на сесијата нагласи дека ова ќе биде значајна дебата.

- Знаете јас ја посетив неодамна Македонија, таму се сретнав со претставници на властите и тоа беше прва посета од ваков вид, бидејќи посетата на оваа земја во  придружба на известувачот беше со цел да се претстави извештајот на македонските власти, на властите на оваа земја, извештај кој ќе биде на дебата и усвојување од ПССЕ во текот на оваа сесија. Јас посакувам и во иднина да продолжиме со оваа практика, рече Мињон.

Извештајот е на дневниот ред во четврток, и во него да постетиме  се опфатени сите сегменти од евроинтеграциите на Република Македонија: борбата против корупцијата, пост-изборните настани, функционирањето на парламентот, Охридскиот рамковен договор, реформата на судството, администрацијата, човековите права, малцинските, јазичните и културните права, борбата против трговијата со луѓе, прашањето за лажните азиланти, резултатите и проценка на изборните резултати од 5 јули 2011, како и локалните избори од 2013 година.

Во извештајот, посебен дел е посветен и на случувањата по 24 декември, но тоа што е важно  треба да се нагласи е делот кој се однесува на интеграциите во НАТО и ЕУ.

ПССЕ дава јасен став дека иднината на Македонија е во НАТО и ЕУ и презентира досега најасен став околу ова прашање како и блокадата на интеграциите од страна на Грција. Имено во резолуцијата во точката два се вели:

"ПССЕ жали што прашањето за името продолжува да го одложува отварањето на преговори за членство во ЕУ, иако за тоа има препораки секоја година од 2009 досега од страна на Европската комисија, како и обидот на Македонија за членство во НАТО, притоа без да се почитува од страна на Грција одлуката на Меѓународниот суд на правдата ( ИЦЈ) од 5 декември 2011г. ПССЕ се надева дека Грција ќе примени и прифати пофлексибилен приод кон решавање на ова прашање. ПССЕ ја поканува Македонија да го продолжи дијалогот под покровителство на Обединетите нации за решавање на прашањето на името, како и да развива конструктивни односи со соседите, со тоа придонесувајќи за целокупната стабилност на регионот". 

Во изјавата на шефот на Делегацијата на Собраниетот на Република Македонија во ПССЕ, Александар Николоски, кој е и член на Мониторинг комисијата веднаш по усвојувањето на извештајот извештајот го прокомонтира на овај начин:

„Ова преставува досега најсилна и најасна порака до Грција дека треба да престане де го користи прашањето за името за блокирање на волјата на македонскиот народ за членство во НАТО и ЕУ, како и јасно повикување на одлуката на Меѓународниот суд на правадата која Грција за жал не ја почитува.“

Според него исто така е вонредно значајно што во текот на целиот текст на предложената нацрт резолуцијата и препораката се користи терминот - Македонија и придваката македонски како јасен став на известителот Роберт Волтер како и на ПС на Совет на Европа.

Инаку ова не е прв пат известител на ПССЕ да го користи само терминот Македонија.

Во предложениот документ од страна на Роберт Волтер не е предложено затворање на пост-мониторинг дијалогот, но тој најавува дека тоа ќе треба да биде направено наскоро. Треба да се знае дека и земји членки на ЕУ сеуште сепод постмониторинг дијалог со ПССЕ.

Мониторинг комисијата е една од најважните комисии на ПССЕ.

најчитано сега