Полицијата влезе во Тетово
Изминатиот продолжен празничен викенд полициски службеници на СВР Тетово реализираа уште една од планираните акциски контроли за откривање и соодветно законско санкционирање на странски државјани кои непријавено престојуваат или работат на подрачјето.
При тоа, во угостителскиот објект „Алпа маре“, лоциран покрај автопатот Тетово-Гостивар, сопственост на Ф.Т.( 46 ) од Неготино-Полошко, затекнати биле 7 женски лица, од кои 4 од нашата земја и 3 од Република Албанија.
Трите албански државјанки, на возраст од 20, 26 и 33 години, кои престојувале спротивно на целта, односно го злоупотребиле туристичкиот престој и работеле како пејачки, приведени се задржани и предадени на Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за понатамошна постапка.
Нешто подоцна, тие се депортирани во нивната матична земја.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа