Дедо Љубе: Правдата ќе победи!

Во судот во Куманово заврши судскиот процес за дедо Љубе, а постапката се враќа на прв претрес, на нова истрага. Дедо Љубе за кого цела Македонија се крена на нозе, вели дека смета дека правдата ќе победи.

-Сметам дека правдата ќе победи. Јас го преживеав ова и се надевам дека судот ќе ја најде вистината за тоа што ми се случи. Јас сум сигурен во правдата, рече дедо Љубе пред насобраните негови поддржувачи пред Основниот суд во Куманово, каде што денеска беше закажано рочиште во судскиот процес против него, пренесе Курир.

Дедо Љубе доби голема поддршка на социјалните мрежи каде се бара слобода  за Љубе, а беше најавено дека и пред почетокот на судењето, ќе му се изрази поддршка.

Инаку, обвинетиот Борче Иванов изјавил во судницата дека не го тепал дедо Љубе.

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 12:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега