Битолчани се шокирале кога си ги виделе возилата
Во Битола на улицата „Тошо Даскалот“ од засега непознати причини настанал пожар на паркирано возило марка „Тојота корола“ со битолски регистарски ознаки, на 59-годишниот П.Ј. при што истото е целосно опожарено. Од пожарот на возилото се запалило и паркирано возило марка „БМВ 525 Д“ на 42-годишниот В.Д.
Се преземаат мерки за утврдување на причините коишто довеле до опожарување на возилото и целосно расчистување на настанот.
Оцени ја веста
14.04.2015 - 12:14
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа