Грант од 260 илјади евра за изградба на локалната патна мрежа во Македонска Каменица

Општината Македонска Каменица преку Министерството за финансии аплицираше пред Светска банка за грант од 260 илјади евра за изградба на локалната патна мрежа, пишува МИА.

- Нашата апликација, според Програмата за 2015 година, е прифатена, техничката документација е комплетирана и наскоро ќе започнеме со изградба на два локалани патни правци до Сарафско маало во село Саса и до Качачко маало во село Моштица, изјави Дарко Митевски, градоначалникот на Македонска Каменица.

Со средства од општинскиот буџет, од Рудникот „Саса„ и од други донатори годинава на подрачјето на Македонска Каменица ќе се градат и реконструираат и други локални патишта, меѓу кои и патот до селото Цера, односно до манастирскиот комплекс „Покров на пресвета Богородица“ во месноста Еленец.

Покрај изградбата на локалните патишта, годинава во општината Македонска Каменица ќе се градат и други објекти од комуналната инфраструктура, во општинскиот центар и во околните населени места. 

 

 

Оцени ја веста

14.04.2015 - 11:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега