Влада Вукоичиќ нов тренер на МЗТ Скопје
Кошаркарскиот тим на МЗТ Скопје Аеродром од следната сезона ќе биде предводен од срана на Влада Вукоичиќ по заминувањето на Алеш Пипан од селекторското место на „металците“. Вукоичиќ во својата кариера досега ги предводеше ФПМ Железник (225-2008), Хемофарм Вршац (2008), Остенде (2008), Босна (2008-2009), Мега Визура (2010-2011), и Црвена Звезда (2012-2013), а има работено и во младинската и сениорската репрезентација на Србија.
Од позначајаните успеси кои што ги има забележано се златниот медал на Универзитетските игри како помошник во српскиот национален состав во 2003 година, освојување на Јадранската лига со ФМП Железник како тренер (2006-2007), освојување на српскиот Куп со ФМП Железник (2006-2007), пласман во полуфиналето на УЛЕБ Купот со ФМП Железник (2007), златен медал на Европското првенство (за играчи до 20 години) како селектор на националниот тим на Србија (2007).
Во МЗТ доаѓа по местото предводник на клупата на Црвена Ѕвезда тим со кој настапи во АБА лигата и Еврокупот натпреварувањето. Со нив забележа скор од 18 победи и 6 порази во АБА, додека во Еврокупот се пласира и во Топ 16 фазата.
Непосредно пред одржувањето на „Фајнал фор“ турнирот во Лакташи, Вукоичиќ беше сменет од позицијата прв тренер на Црвена Звезда, а неговото место го завзема Дејан Радоњиќ.