Штипјанец противправно присвоил 2.400.000 денари наменети за општината
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против З.С.(43), одговорно лице во Здружението-Центар за институционален развој „Цира“-Скопје за сторено кривично дело „затајување“.
Пријавениот во периодот од јануари 2013 до мај 2014 година, во својство на одговорно лице во рамките на реализација на програмата „Форуми во заедницата“ во општина Штип финансирана од Швајцарската Агенција за развој и соработка, противправно присвоил 2.400.000 денари во корист на Здружението, а кои средства имал обврска да ги исплати на сметката на општина Штип.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа