За најголемиот христијански празник ограбена е црква во кочанско
Непознат сторител извршил тешка кражба во црквата „Св.Никола“ во село Тркање, Кочанско, соопшти полицијата.
Кражбата е пријавена вчера попладне.
Според увидот, сторителот ја обил бравата на влезната врата, влегол, претурал по црквата и од иконостасот одзел две метални каси во кои имало пари. Причинета е материјална штета од околу 10.000 денари.
Сe преземаат мерки за негово пронаоѓање
Оцени ја веста
13.04.2015 - 11:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа