ФОТО: Автомобили со голема брзина излетаа од пат во Струмица
Два автомобила – „голф“ и „рено“ завршија на тротоарот и во двор од куќа од кои едниот превртен, јави порталот Струмица денес. До несреќата дошло поради непочитување на предност на минување и неприлагодена односно голема брзина, при што еден од возачите се здобил со повреди.
Оваа раскрсница станува најпроблематична раскрсница во Струмица. Ризикот и за пешаците е се поголем, а уште полошо е ако се земе предвид дека се критичната точка се наоѓа во непосредна близина на основно училиште и детска градинка, пишува порталот.
Оцени ја веста
13.04.2015 - 10:07
Фото:
Струмицаденес
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа