Со палка го треснал по глава - прилепчанец доживеал хорор
На 11.04.2015 година, околу 04,00 часот во Прилеп во близина на мостот „Табана“ додека Д.К.(33) од Прилеп со своето возило стоел на семафор на црвено светло, пред него застанало друго возило излегле три непознати лица кои физички го нападнале, а едно од лицата го удрил со дрвена палка во пределот на главата по што избегале. Тој е пренесен во Медицинскиот центар Прилеп каде му е укажана лекарска помош при што му се констатирани телесни повреди. Полициската станица во Прилеп превзема мерки за пронаоѓање на сторителите и расчистување на случајот.
Оцени ја веста
12.04.2015 - 12:13
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа