ЕКСКЛУЗИВНО: Големо апсење низ цела Македонија - падна тутунската мафија
Најмалку 17 лица се уапсени во голема полициска акција која од утрово се спроведува низ цела Македонија, дознава Press24 од полициски извори. Лисици на рацете почувстувале граѓани на Тетово, Скопје, Струмица, Берово, Делчево и уште неколку помали места од источна Македонија. Меѓу уаспените има и еден полицаец вработен од граничната полиција, а 3 лица се уште се во бегство. Според првичните неофицијални информиации, полицијата ги сомничи за организиран шверц на цигари кој го спроведувале во изминативе 2-3 години.
Според нашите извори, групата од 2010 внесувала илегално цигари од Албанија и Косово и ги складирала во складишта во Скопје како и во импровизирани магацини во близина на македонско-бугарската граница. Во моментов полицијата се уште врши претреси на повеќе локации.
Според неофицијалните информации, кај дел од осомничените е пронајдена и марихуана, цигари како и пакети со Ред бул за кои се смета дека се внесени нелегално од Косово.
Акцијата се уште е во тек, а по завршувањето, сите приведени ќе бидат изведени пред Истражен суд.
Според неофицијални информации, против дел од приведените лица се постапувало и претходно но со индивидуални пријави, а сега, полицијата се сомнева дека станува збор за организирана криминална група.