Еве зашто не треба да ги користите чепкалките за уши

Ушниот восок го штити тапанчето од ѓубре и оштетувања и осигурува антибактериска заштита. Служи и како своевиден лубрикант, потребен за работа на тапанчето. Затоа не е убаво често да се отстранува со чепкалките за уши!

Која од нив и да ви кажала прва, дали вашата мајка или баба, била во право кога рекла дека не смеете да ги ставате чепкалките длабоко во вашите уши, пишува Huffington Post.

За да разберете зошто е тоа така, ќе ви објасниме за што, таканаречениот "ушен восок", всушност служи. Главната цел на восокот е да се заштити ушниот канал, објаснил др. Даглас Бакус, претседател на слушниот одбор на американската Академија за оториноралингологија.

Не само дека го штити ушното тапанче од ѓубре и од оштетувања, туку и осигурува антибактериска заштита и служи како своевиден лубрикант, потребен за работа на тапанчето.

Една од најголемите мистерии на човековото тело е всушност оваа: вашите уши се чистат сами! Кога ушниот восок ќе се исуши, секое поместување на вашата вилица, дали додека јадете или додека зборувате, помага во извлекувањето на ушниот восок од внатрешноста на увото на неговата површина. "Тоа е како некој вид на подвижни скали", низ шега објаснил доктор Бакус.
Проблемот настанува кога престануваме да веруваме во можностите на нашето тело и со помош на разни чепкалки се обидуваме да го забрзаме природниот тек на настаните. Мислиме дека сме попаметни од нашиот организам, па со чепкалки за уши се обидуваме да ги исчистиме. Но, во тој момент, само го внесуваме восокот подлабоко во увото.

Исто така, мислиме дека тој памучен крај на чепкалката е доволно мал, но всушност е толку голем што восокот го потиснуваме подлабоко во увото. Само мал дел од восокот успеваме да отстраниме, но тоа не е ни приближна количина од тоа што сме го ставиле подлабоко.

"Така ушниот восок го внесуваме во деловите кои не се чистат сами, а тогаш доаѓаат големите проблеми", вели Др. Бакус и објаснува дека таквата појава може да предизвика разни бактериски заболувања, кои на крајот може да резултираат со губење на слухот.

Секојдневно повеќе од 12 милиони Американци посетуваат лекар со болки во ушите, а годишно во таа земја се извршуваат повеќе од 8 милиони оперативни зафати.

Извор: Toчка

 

 

Оцени ја веста

09.04.2015 - 14:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега