ВМРО-ДПМНЕ-Битола: Блиску е крајот на вампирската политика на СДСМ која бара крв, немири и граѓанска војна

 

„Бомбите“на СДСМ не се новина за Битолчани. Ги имало и во минатото. Граѓаните имаат штета од СДСМ и кога е на власт и кога е во опозиција. Нивни карактеристики се отпуштање од работа, ароганција, корупција, закани, мобинг, уцени, сеење страв, распаднати институции и објекти, уништени јавни претпријатија,лаги , малверзации, интриги, омраза, гнасење, деструкција, изјави на прес-конференција градоначалникот на Битола, Владимир Талевски. 

Во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата

Да ве потсетиме на досегашни бомби на СДСМ во Битола, зтворени фабрики и отпуштени работници:

Фринко – 1500 ,Битолска Пивара – 300, Шеќерана – 450, Свилара – 550, Фустеларко борец 550, Транскоп 350, Авторемонт – 500, Хераклеа 250, Иднина 350, Жито Битола - 500, Прогрес – 300, РЕК -250, Гоце Радосављевиќ – 800, Конзервна фабрика -250,Пламбит- 450, Маврово – 200,Пелагонија – 200, Битолатекс – 1300 и други.

Значи во Битола се отпуштени најмалку 10.000 луѓе.

А најголемата, атомска бомба на СДСМ во Битола со не помали последици од атомските бомби во Хирошима и Нагасаки е аферата ТАТ . Ограбени се 12.000 семејства во вредност од 120 милиони марки.

Сега СДСМ нема креативен потенцијал за демократски натпревар и се служи со лаги, шекулации, монтажи, деструкција исто како дете кое губи, незрело несакајќи да игра по правилата на играта и не го признава поразот, го руши системот на играта и сака да е победник по секоја цена, без вистинска игра и без правила. Така и СДСМ сака без избори, без демократски натпревар да дојде на власт . Поразите од досегашните избори кај нив предизвикаа незадоволство , нервоза , паника, хистерија и на крајот лудило.

Нивното лудило, не е аргумент за цела република Македонија да прифати да биде нивна ментална болница.

Ќе чекаме да ги снајде правдата,а сега ќе потсетиме дека од нив во 2005 наследивме мрачна, валкана, инфраструктурно уништена и заглавена во долгови општина. Веднаш направивме приоритети и прво ја осветливме општината – за да видиме што имало скриено под мракот на СДСМ.

Направивме едношалтерски систем за да бидиме вистински сервис на граѓаните.

Направивме концепт за вработување .

Ја направивме Индустриската зона Жабени во која денеска се вработени 2000 луѓе, а издадени се 10 одобренија за градба на инвеститори за нови фабрики.

Го градиме Златен рид (поранешната Касарна) во која веќе градат 8 инвеститори.

Направивме булеварски влез и други влезови во градот.

Направивме 5 кружни текови, ја направивме улицата Железничка која од сега повампираните СДСМовци беше ветувана 30 години , ја пробивме улицата Кукуш , го направивме Црн Мост - наша иновација со 70% кружен тек над речното корито.

Направен е магистралниот пат М-5 со асвалтирање од Прилепска до Автобуска и Железничка станица.

Дозиграден е Градскиот Парк, исчистен и осветлен.

Направено е градското Шеталиште, средено е Тумбе Кафе кое е осветлено и збогатено со нови содржини.

Реконструиран е средишниот дел од Пазарот.

Изградени се стотици водоводни мрежи канализации, и целосно реконструирани улици. Само во овој мандат ќе бидат асвалтирани 100 улици од кои веќе се завршени повеќе од половината.

Почнавме проект за сончеви панели во градинките.

Обновен е возниот парк во ЈП Нискоградба.

Изграден е скејт парк за младите.

Направен е споменик на кралот Филип Втори Македонски на плоштадот Магнолија. Изградена е уникатна фонтанта и одлично среден простор за граѓаните.

Изграден е  ринг-центар околу Саат Кулата.

Поставен е споменик на бранителите од 2001 за да потсетува на повапирените политики од тоа време и да им укажува на сите идни поколенија дека балканскиот политички вампир не треба да се буди.

Изградени се патишта во рурални средини кои поврзуваат над 40 села и населби со финансиски средства од Владата на Република Македонија преку програмите од Светска и Европска банка.

Изградена е нова Хлорна станица и филтерница во село Дихово преку ЈП Водовод . Изграден е и СКАДА систем за поефикасно снабдување со вода на граѓаните.

Изградени се десетици нови паркови зелени површини и поставени се детски реквизити.

ЈП Kомуналец е опремен со нови метларки, нови контејнери, нова цистерна и друга опрема.

Воведено е Зонско паркирање.

Реконструирано е и поставено со вештачка трева игралиштето Павел Шатев ( ќумурното игралиште ).

Преку ЈП Водовод е направен резервоар за вода од 2000 метри кубни во Брусничка населба.

Изградени се десетици игралишта и спортски терени во села и Урбани заедници.

Општината направи проект за фудбалски стадион под Тумбе Кафе. Даваме максимална поддршка на училишниот и масовниот спорт. Изградени се 4 спортски сали, 3 во средни училишта и една за Универзитетот.

Со ФФМ е направена реконструкција вредна 1 милион евра на тревната површина на стадионот и елктрификација.

Сменета е дограмата и извршена е реконструкција во над 80 проценти од училиштата.

Изградени се нови детски градинки.

Изграден е старскиот дом Сју Рајдер според европски стандарди со општински и европски финансиски средства.

Направен е Центар за згрижување на деца питачи.

Отворена е Народна кујна.

Опремена е со нови возила и опрема за секој пожарникар ТППЕ во Битола.

Направен е туристички водич на градот.

Реконструирани се и изградени нови 10 живеалишта во ЗОО- Градина.

Нас не препознаваат и по двоцифрениот број на конзулати во Битола.

Не препознаваат и по ИСО 9001/2008 сетификатот кој го обновуваме.

По изградбата на  киното Манаки.

По заштитникот на градот  Св нектариј Битолски.

По ИФФ Браќа Манаки,  БиТФЕСТ, Илинденските денови, Интерфест на класична музика, Семакедонската средба во Трново која традиционално се одржува секој Илинден. По филмскиот град Битола.

Не препознаваат и по наградите.

Наградата БАХА – за Општина лидер во културен туризам

Наградата од Верона – за Битола како полниоправна членка на Европската Асоцијацијата на историски градови и региони.

Двете награди во Лугано, за најавангардна туристичка дестинација и за исклучителен однос на општината кон културното наследство.

Наградата од Оксфорд за најдобра општина и за најдобар менаџер.

Наградата од Лас Вегас во златната категорија за најдобри практики во работењето на општината.

Признанието од Светска Банка од 2008 и 2011 за најдобра општина за „дуинг-бизнис“ во конкуренција од 21 град од 7 земји од Југоисточна Европа.

Железениот крст од Република Франција за Битола како Град- страдалник во Првата Светска Војна .

Имаме заеднички проекти со Владата на РМ .

Тука е процесот на легализација на дивите објекти кој што е голема придобивка за нашите граѓани. Од 12 500 барања веќе половината се реализирани.

Изграден е далекувод - прстен околу Битиола во вредност од 3,5 милиони евра за непречено снабдување на градот со електрична енергија.

Вградена е опрема во Клиничка Болница во вреност од 5,6 милиони евра.Во завршна фаза е акцелераторот.

Извршена е модернизација на РЕК Битола.

Вградена е опрема во Центарот за култура , Народниот театар - Битола и нови простории и опрема за НУБиблиотека.

Продолжуваме со отворање на нови работни места. Реконструкција на железничката пруга до грчка граница и Железничката станица во Битола.

Инвестиции на ЕЛЕМ на Пелистер во Молика и Копанки . Продолжува проектот за Топлификација.

Продолжуваме со изградба на Храм за Св Нектариј. Реконструкција на зградата Клиничката Болница. Изградба на патишта и улици. Продолжуваме со политиката за поубав живот на нашите пензионери , земјоделци, ученици , студенти социјални категории и сите други категории наши граѓани.

Околу два месеца се врши притисок во јавноста со објавување на некакви снимки, монажи, шпекулации, интриги со намера да се дискредитираат во јавноста опдредени наши функционери.

Едно е сигурно и проверено - ЗА ЛУЃЕТО СУДИМЕ СПОРЕД НИВНИТЕ ДЕЛА А НЕ СПОРЕД НИВНИТЕ ЗБОРОВИ.

Драги сограѓан,  правниот расплет ќе реши се’ и блиску им е крајот. Блиску е крајот на вампирската политика на СДСМ која бара крв, немири, граѓанска војна.

Македонија се сака со дела , а не со омраза, лаги, шпекулациии поделби.

И Битола се сака со дела !

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега