Опозиционерот Тричковски повикува на палење на Владата и Собранието

 

Опозиционерот  Бранко Тричковски во својата последна колумна објавена на порталот Плусинфо „Нема решение со Груевски, туку само против Груевски!“ напиша: Се плашам дека нешто ќе мораме да запалиме и ние, дали ќе биде тоа Партискиот дом како во Бугарија (ние би добиле прекрасни контрасти на црниот дим врз белата мермерна подлога на новиот Партиски дом на вемерето), или Собранието, како во Белград, а можеби ќе биде нужно да се замачка малку и стиропорната белина на владината куќа, не знам, но тоа е тоа, браќа и сестри, кога ќе заглавиш во длабокото мораш да маваш со рацете и со нозете, да се обидуваш да пливаш и да не се жалиш ако некоја риба, како во вицот за Мујо и Хасо, ти влезе во газот!.

kolumna500

Овој неговиот “критички“ осврт кон политичката сцена во Македонија според  него и на него блиски и истомисленици ( соросоидни платеници) секако дека мора сериозно да доживее  јавна дискусија и тоа без да кажеме дека ја имаат целосната медиумска слобода за која со месеци се обидуваат да тврдат дека име укината иако јасно и катадневно ја злоупотребуваат.

Од каде му и на крај памет на опозицискиот колумнист Тричковски дека има и најмала врска дека ова е решение на актуелната политичка состојба која опозицијата упорно се обидува да ја наметне. Со вакви колумни и сопствената медиумска машинерија се прави обид да се создаде вештачка дестабилизација на Македонија.

Дали тој воопшто може да препознае каде води тој нивен платенички мост кој се обидуваат да го создадат и преку него да се поврзат со некои на кои пред се им се битни сметките во банките, а најмалку македонската нација и држава. Оваа ни малку популарна и застарена политика  на делување јасно покажува дека зад ваквите демолирачки и деструктивни идеи по македонска нација не наоѓа одѕив кај граѓаните на Македонија. Уште помалку никој нема да тргне по тој мост кој води само во провалија, на површина излегуваат само јасни партиски интереси.

Народот јасно виде по сите делувања на опозицијата дека нејзините намери се конфронтираат со идејата и делувањата за напредок на државата.

Тричковски во својата колумна игра со многу чувствителни теми и ја потценува националната генетика и колективната меморија на еден народ. Кој тоа може да се осмели да повикува на палење на партискиот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, Собранието или Владата?

Со ваквите делувања, нарачани текстови и јавни повици се постигнува само една јасна слика на целосна шизофренија на СДСМ каде наместо демократија се повикува кон радикални мерки и насилство. Ова е уште еден во низата докази дека опозицијата во Македонија се впушти во борбата за власт без аргументи на своја страна. Кога некој се наоѓа во безизлезна ситуација  и тоне во жива кал кој сам ја создал се обидува безуспешно со сите сили  и по секоја цена по било какво сценарио  да предизвика разнебитување на македонското национално ткиво.

СДСМ и нејзините пера играат на карта на создавање,  поточно продуцирање на вештачката криза. Токму едно од нивните како што е Тричковски во својата колумна се надоврзува на сценариото кое залудно се обидува да го пласира Зоран Заев и кое е повеќе од јасно креирано од странски центри.

Всушност, траги комичен е обидот е на опозицијата која упорно се обидува да пласира информации дека нема демократија, а токму тие се првите кои повикуваат на насилство на палење и не толеранција и агресивност . Со ова како  сапуница се распрснуваат сите лаги на СДСМ. Зоран Заев сосема е јасно дека зад ова крие поголемо сценарио.

 

 

Оцени ја веста

08.04.2015 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега