Неделковски: Заев за пола саат во притвор
Новинарот Миленко Неделковски на трибината на Граѓанското движење за одбрана на Македонија побара лидерот на СДСМ да биде во притвор.
Тој истакна дека изминатиов период сите сме заложници на еден патолошки лажго и манипулатор.
-Има многу луѓе кои се судриле со законот, но сите излегле еднакви пред законот. Според уставот, пред законот се сите еднакви. Но за жал се испостави дека не е така, односно дека има некој поинаков. Во моментов имаме лице кое се вика Зоран Заев, на кое му е овозможено да се брани од слобода за аферата Пуч. Меѓутоа за да се брани така има 3 параметри- да не избега од државата, да не го повтори делото и да не влијае врз сведоците. Тие услови важат за сите! Сите го штитат Заев, а никој не го штити македонскиот народ од него, рече Неделковски.
Новинарот ги повика државните институции да не мижат пред феноменот наречен Зоран Заев.
-Заев е човек кој ги има прекршено параметрите за бранење од слобода. Час поскоро, за пола саат, за саат, утре мора да заврши во притвор каде е неговиот ортак Верушевски. Да одговара за 200.000 евра поткуп и за откривање на државни тајни за опремувањето на нашите безбедносни сили. Заев веднаш да се најде во притвор, да почне судска пресуда против него, побара Неделковски.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа