ВМРО-ДПМНЕ: Заев манипулира- за законот за амнестија гласаа Црвенковски и Шекеринска
Зоран Заев продолжува со спроведување на своето сценарио за дестабилизација на Македонија. Тоа впрочем сега веќе им е јасно и најголемите поддржувачи на СДСМ, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Во продолжение следува интегрален текст од соопштението на владејачката партија
Неговата улога е да биде маша на странски центри кои имаат за цел нарушување на стабилноста на Македонија и нарушување на нејзиниот меѓународен углед.
Зоран Заев продолжува да манипулира со креирани и лажни материјали кои ги става во контекст кој што нему му одговара, со цел да предзивика забуна кај граѓаните. Самиот тој со овие прес конференции потврдува кој се бил слушан и дека слушањето го правеле надворешни лица под патронат на странски центар.
Да потсетиме, Зоран Заев е истиот оној човек кој пред нецела година кажа дека на СДСМ не и личи да биде патриотска партија.
Зоран Заев е претседателот на партијата која во 1994 година додели 150 000 државјанства само за да победи на избори.
Зоран Заев е претседател на СДСМ, истата онаа партија која креираше меѓуетнички конфликти во 1997 година во Гостивар и Тетово, само за да ја прикрие девалвацијата на денарот.
Зоран Заев е претседател на СДСМ, структурата која што се поочигледно станува дека во 2001 година учествувала во креирање на вакво слично сценарио кое го гледаме и денес.
И конечно, Зоран Заев е претседател на партијата која го донесе системски најлошиот закон во Република Македонија, законот за територијална поделба и потоа го минираше референдумот за истиот.
Зоран Заев за сите овие години беше нем и лојален поддржувач на штетните политики спроведени од неговата партија.
Да ја потсетиме јавноста дека Законот за амнестија е донесен во 2002 година, а за него меѓу другите гласале и Бранко Црвенковски, Радмила Шеќеринска Јани Макрадули и Никола Поповски.
Дополнително, за оваа тема имаше повеќе неделна јавна дискусија која ја памети целата македонска јавност.
Внесувањето на Македонија во истите стари сценарија е единственото нешто што СДСМ знае да го работи. Само преку креирање на конфликти и дестабилизација, сакаат да се доберат до власт. Тоа го правеле во минатото, а гледаме дека го прават и сега.
Граѓаните се мудри и знаат да ги препознаат деструктивните однесувања како ова на СДСМ и Заев. Тоа го казнувале до сега, а ќе го направат и на следните избори.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа