„Вечер“: Откако го одбија граѓаните, Заев поттикнува верски џихад на улица

 

ВЕЧЕР анализира дека освен со Беса, членови на СДСМ и блиски со Зоран Заев ги зачестија контактите со радикалните екстремисти од косовско Самоопределување, со кои заеднички планира создавање нереди во мај. СДСМ преку нивниот хроничар Бранко Геровски и порачува на Владата дека не треба да соработува во Израел, затоа што во Македонија живеат муслимани, за кои Евреите и Израел се непријатели. Само во последниве години СДСМ прави проблем од македонската соработка со Израел во три наврати. Каде оди овој брод?, анализира ВЕЧЕР.

СДСМ преку нивниот хроничар Бранко Геровски и порачува на Владата дека не треба да соработува во Израел, затоа што во Македонија живеат муслимани, за кои Евреите и Израел се непријатели. 
Најпрво, ја критикуваа македонската држава дека соработува со Израел за набавка на нелегални средства за прислушување. Второ, при официјалната посета на државниот врв, СДСМ излезе со став дека тоа е лош потег за Македонија, спротивен на европската политика за која се залага земјата, и трето, СДСМ сега откри договор кој преставува државна тајна и идентитет на луѓе претставници на израелската влада.

 Зошто се удира на полицијата, а не на војската?

Освен податокот дека СДСМ удира на Јанкуловска, Мијалков, Јанакиески и Ставрески, кои се најблиските соработници на Груевски уште од времето кога премиер беше Љубчо Георгиевски, ударот врз државните институции е посилен и кога ќе биде урнат безбедносниот систем на Македонија. Зошто се оди на удар на полицијата, а не на војската?
Затоа што македонската полиција покажа неколку резултати кои ниту една регионална полиција не ги покажала во соработка со меѓународни институции, а тука се мисли на американските и европските.
1. Македонија има исклучително важни резултати во борба против организираниот криминал: трговија на луѓе и криумчарење дрога, за што земјата доби официјални признанија од САД и ЕУ.
2. Второ, стабилизирање на заканите од исламски радикализам во Македонија и Косово.
3. Изградба на системи за заштита од азиланти кои не го доведоа во прашање и безвизниот режим со ЕУ, како што е случај со Србија, на пример.
Колку и да барате во историјата наназад и официјално и неофицијално, не постои ниту една релевантна изјава, документ или акти на европска или американска институција со која се критикува или доведува во прашање работата и квалитетот на македонската полиција и нејзиниот професионализам.

Целата анализа прочитајте ја на ВЕЧЕР

 

 

Оцени ја веста

06.04.2015 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега