Николоски: Основната и главна порака e дека ВМРO-ДПМНЕ нема да дозволи никакви црни сценарија
Почнавме една позитивна пракса директно да одиме и да се среќаваме со граѓаните и заедно со нив да ги разговараме најбитните проекти. А во исто време граѓаните да се запознаат со она што го имаме реализирано и она што планираме да го реализираме во иднина, но секако и да искажаат одредени свои идеи и ставови.
Ова го истакна пратеникот Александар Николоски во вестите на Канал 5, по повод утрешниот народен собир на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.
-Основната и главната порака е дека ВМРO-ДПМНЕ нема да дозволи дестабилизација на Република Македонија и никакви црни сценарија. Во исто време ВМРО-ДПМНЕ останува посветено на евроатланската перспектива, како и на клучните реформи коишто ги спроведува, рече Николоски.
Сценариjата на Заев и на СДСМ, нагалси тој, се јасни и народот досега бил сведок на вакви сценарија и во минатото.
- За жал оваа е кулминација на црни сценарија кои што ги спроведуваат, но тие се добро препознаени од греѓаните. Она што е особено значајно е дека ваквите средби и ваквите трибини доаѓаат токму на барање на граѓаните коишто сакаат да ја искажат својата енергија и да дадат една силна поддршка на политиките и програмата којашто ја спроведува ВМРО-ДПМНЕ, посочи Николоски во вестите на Канал 5.
Според него јасно е дека Зоран Заев соочен со неколку изборни порази на СДСМ, со немањето на кадровски потенцијал којшто ќе застане како алтернатива на ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак со програма која што ќе им ја понуди на граѓаните, прибегнале кон соработка со странски тајни служби со цел да ја сруши не Владата, не парламентарното собрание, туку Република Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа