„Заев се закопа- секоја замисла му се руши како кула од карти“

 

Откако директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков и Министерството за вантрешни работи детално, аргументирано, прецизно и со факти го разобличија лидерот на СДСМ, Зоран Заев, постапките на Заев дополнително наидуваат на остра осуда од граѓаните на социјалните мрежи, кои бараат институционална разврска и Заев да одговара за стореното.

-Изнесените разговори од страна на Заев денеска, нанесоа огромна штета и ја загрозија безбедноста на државата. Изнесување државни тајни и соработка на две безбедносни служби во јавност е преседан досега невиден во светот. Свесен ли е Заев какво загрозување на безбедноста на нашата земја направи денес ?!?...

-Заев треба да одговара за цела штета што и ја направи на Македонија...

-Вака душмански да и се наштетува на државата и народот веќе се граничи со тешко лудило. Мијалков секако ќе ја приложи документацијата која ќе го докаже спротивното и конкретно за што се работи, меѓутоа начинот на кој сето ова се пласира е одвратен...

- До кога ваква толеранција, да беше во друга земја ќе беше во затвор..., се вели во дел од коментарите. 

zaev-2

 

 

-Сакам да ја известам јавноста дека не станува збор за никаков поткуп или корупција, туку за договарање и следење на процедурите околу донацијата која што ја доби Министерството од нашите пријателски служби. Донацијата од 5.557.377 евра е примена. Со неа е купена опрема која што е предадена на специјалните единици и која што се користи во моментов, со што е подигната нивната борбена готовност. За сето ова постои и писмена документација и договори кои ќе бидат приложени во процесот што ќе го покренам против Зоран Заев, стои во демантот од директорот на УБК, Сашо Мијалков.

 

zaev-3

 

-Целата јавност, денеска беше сведок на обид за директно инволвирање на официјални институции и пријателски служби од земји кои во бројни наврати ја докажале својата блискост со Република Македонија. За да не дозволиме јавноста да биде изманипулирана, сакаме да потенцираме дека тоа што денеска беше објавено претставува донација за опрема, не за следење на комуникации, туку опрема за припадниците на специјалните единици на Министерството за внатрешни работи, рече Котевски.

Додаде дека станува збор за помош која ја добило МВР во висина од 5.557.377 евра.

-Станува збор за над 5.5 милиони евра, туѓи пари, помош за поголема ефикасност на специјалните единици, а за сето ова постои и официјален Договор за донација кој е класифициран со највисок степен како државна тајна, истакна тој.

zaev-5

zaev-6

zaev-9

zaev-13

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 21:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега