Кичевчанец крадел низ познати објекти

 

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против 29-годипниот Ш.Р. од Жубрино поради извршени тешки кражби.

Во периодот од март 2013 година до фебруари оваа година, крадецот со употреба на подесен предмет и физичка сила, насилно отворал врати и прозорци од магацински простор и работилници на термоелектраната „Осломеј“ како и од објекти сопственост на АД Мепсо и АД-ЕЛЕМ лоцирани во РЕК „Осломеј“, од каде противправно одземал агрегат за струја, високонапонски кабли и повеќе видови работен алат и прибор.

Ш.Р. се стекнал со околу 400.000 денари.

 

 

 

Оцени ја веста

01.04.2015 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега