Скопјанец заврши во притвор
Регионалниот центар за Граница Југ поднесе кривична пријава против 57-годишниот Б.Д. од Скопје, осомничен за криумчарење мигранти, кој на патниот правец Гевгелија-Скопје, во близина на Неготино, вчера бил затекнат во комбе „форд транзит“ каде биле пронајдени и уште 12 илегални мигранти од Авганистан.
Како што денеска соопшти МВР, од страна на судија во претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, а странските државјани се сместени во Прифатниот центар за странци во Скопје.
Оцени ја веста
01.04.2015 - 12:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа