ТАБУ ТЕМА: Со колку партнери сте спиеле досега?

 

Поголемиот број на луѓе за промискуитетни луѓе ги сметаат оние личности кои имале повеќе од 15 партнери, а тие кои се во емотивна врска одговор на тоа прашање од својот партнер истовремено сакаат и не сакаат да го дознаат.

Преку 50% од мажите и жените ќе го сметаат за промискуитетен ако имал повеќе од 15 сексуални партнери, а се чини дека тоа е проблематична бројка, бидејќи поголемиот број жени кои имаат партнер кој имал помалку од седум партнерки, ќе го сметаат за сексуално неискусен.

Експертите за врски им советуваат на новопечените парови да го избегнуваат тоа прашање, првенствено затоа што тоа може да биде извот на несигурност и љубомора во врската, а тоа нема никакво влијание за нивната иднина.

И додека се уште важи изреата дека мажите обично ќе претераат со бројката на девојки за да испаднат поголеми фраери, а жените ќе го намалат бројот на мажите, факт е дека денеска поприфатлино за општеството е поголемиот број на партнери, отколку што било пред 20 години.

Околу 40% од жените и мажите би сакале да го знаат тој податок, но се плашат како тоа ќе влијае на нивната врска. Сепак, жените се тие кои први ќе го постават тоа непријатно прашање отколку мажите.

Во истражувањето на магазинт „Елит дејли“ паровите кои се во врска откривале еден на друг колку сексуални партнери имале, а имало секакви реакции. Погледнете.

Извор: Вистина.мк

 

 

Оцени ја веста

30.03.2015 - 23:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега