Пораз за македонските одбојкари на Медитеранските игри
Македонската машка одбојкарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на Медитеранските игри во Мерсин, откако денеска загуби од Тунис со 3:1 во сетови.
Македонија беше подобар противник само во првиот сет, кој го доби со 25:20.
Во продолжението сосема поинаква слика. Избраниците на селекторот Желјасков како да ги загубија силите. Втори сет Тунижаните го добија со 25:18, третиот со 25:23, а четвртиот 25:19.
Во 1.коло Македонија беше поразена од Италија со 3:0.
По денешниот пораз нашите одбојкари веќе немаат никакви шанси да се борат за медал, па до крајот на нивното учество на МИ останува само уште дуелот со Алжир кој на програмата е во вторник 25 јуни.