Министерката Канческа-Милевска оствари средба со градоначалникот на Охрид
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска престојуваше во работна посета на Охрид, при што оствари средба со градоначалникот Никола Бакрачески и со директорите на институциите во градот што се под надлежност на ресорното Министерство.
Канческа-Милеска потсети дека вообичаена е практиката на Министерството секоја година да ги посетува националните институции во земјата и преку вакви средби да се запознае со евентуалните потешкотии со кои се соочуваат во работењето, како и да се поразговара за приоритетните проекти на секоја од институциите поединечно, особено во делот што би можело да бидат финансирани од средствата што преку буџетот се издовјуваат за наредната година.
- Поддршката на локалните самоуправи во делот на културата е доста важна и еден од приоритетите во културната политика и стреатегијата на Министерството е токму културниот развој. Ние се трудиме да поддржиме што поголем дел од проектите што ни се доставуваат на конкурсите, било од поединци или институции, се со цел да се збогати културниот живот во општините, односно да се овозможи континуиран збогатен културен развој, рече Канческа-Милевска.
На средбата со Бакрачески било разговарано за сите аспекти од областа на културата што беа наведени во неговата предизборна програма на неодамна одржаните локални избори и оние програмски содржини што треба Охрид да го добие за време на неговиот градоначалнички мандат.
- Се надевам дека Охрид и институциите од областа на културата од градот ќе аплицираат за мошне значајни проекти предвидени за финансирање од стредства што за таа намена се предвидени за 2014 година, рече Бакрачески.
Министерката Канческа-Милевска заедно со градоначалникот на Охрид посети и два објекти во Стариот дел на Охрид, опфатени со Програмата на Министерството за ревитализација на фасадите во старите градски јадра низ градовите во земјата.
- Веќе целосно и екстериерно и ентериоерно е завршена реконструкцијата на Куќата на Бојаџиеви, а во таа насока продолжуваме со работите на објектот „Куќата на Ајри Доко“ чија обнова е во завршна фаза, рече Милевска, додавајќи дека во тек се завршните активности и на локалитетот „Манчевци“, како и на реконструкција и заштита на потпирните ѕидови на Долни Сарај, но и монтажното покривање на сцените на Античкиот театар и на Долни Сарај.
ФОТО: А1.он