Милионска кражба во Скопје
Ограбена куќа во Скопје. Вчера во 21,30 часот пријавено е дека во Скопје на ул.“Прохор Пчински“ во куќа сопственост на С.Л (44) од Скопје од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба при што откако насилно го отворил прозорот влегол во една од собите и одзел сума на пари од околу 40.000 евра, како и златен накит по што го напуштил лице местото стекнувајќи се со противправна имотна корист од околу 2.500.000 денари.
Од страна на увидна екипа од СВР-Скопје извршен е увид на лице место и се работи на целосно расчистување на случајот.
Оцени ја веста
29.03.2015 - 13:05
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа