Со возилото паднал во река - трагедија ја потресе Македонија
Триесет и осумгодишен маж А.Г. од Македонски Брод го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случи денеска околу 10 часот и 30 минути на 3-от километар на регионалниот пат Македонски Брод –Кичево, кај местото викано Глана, објави Утрински.
А.Г. кој што управувал со патничко моторно возило „Цитроен“, во кобниот миг, изгубил контрола врз возилото, кое што излетало од патот, удрило во дрво, а потоа е исфрлено во реката.
„Смртта настапила во моментот на несреќата. Поради непристапноста на теренот, телото на А.Г. е извлечено со помошна механизација, час по несреќата“, соопштија од СВР Битола.
- За жал, докторите можеле само да констатираат смрт.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа