СКАНДАЛ: Заев го допре дното со објавувањето на приватни разговори кои немаат важност
Скандал од невидени размери предизвика денеска лидерот на СДСМ. Заев го допре дното пласирајќи целосно неважен разговор помеѓу министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и неговата сопруга. Граѓаните се згрозени од ваквиот срамен и скандалозен потег на Заев.
Освен со политички закани и притисоци кон граѓаните, Заев денес ги надмина границите и објави приватен разговор на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кој разговара со својата сопруга.
Разговорот кој е целосно личен и приватен, Заев го пушти во јавноста денес, најавувајќи го како “бомба“. Единственото што го постигна е зголемување на револтот кај граѓаните кои велат дека сето ова излезе од било каква контрола.
Силни осуди за овој очаен потег на Заев пристигнаа денес преку социјалните мрежи. Ова е скандал кој предизвика жестоки реакции од граѓаните. Лидерот на СДСМ грубо ја нарушува приватноста во својата политичка битка. Ако очекуваше дека ова ќе му донесе политички поен во позитива, се излажа. Реакциите за неговите “бомби“ и досега беа негативни и неприфатени од јавноста, но по денешниот објавен разговор, граѓаните му покажаа голем црвен картон на Заев.
Од приватниот разговор кој Заев го пушти во јавноста немаше ама баш никаков доказ ниту за сомнеж за некаков криминал, туку само приватен разговор помеѓу министер со неговата сопруга во подоцнежните часови, кој не открива апсолутно ништо. Ако нешто од разговорот остана забележано е дека министерот Јанакиески работел до доцна навечер на важен проект и тоа го коментира со својата сопруга.
Граѓаните ова го дочекаа како голем скандал. Еве само дел од нивните коментари, кои за Заев треба да бидат јасна порака.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа