Пронајден женски труп во Вардар, полицијата бара помош за идентификација

 

Женски труп на возраст меѓу 70-80 години, пред околу половина час е пронајден во водите на реката Вардар во Велес на местото викано Јулика, дознава Курир.

Пронајденото женско мртво тело е облечено во црн џемпер, црна блуза, црна сукња и црни хулахопки. Неофицијално лицето извршило самоубиство.

Бидејќи никакви документи не се пронајдени кај починатото лице, полицијата бара помош од граѓаните за утврдување на идентитетот на починатата жена.

Доколку некој има информација за лицето кое одговара на горенаведениот опис да се јави на телефонскиот број 192.

 

 

Оцени ја веста

26.03.2015 - 15:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега