Нови детали за убиството на матурантот Ангел
Во Кривичниот суд во Скопје вчера се изведуваа доказите на обвинителството во судскиот процес против Насер Ештрефи кој е обвинет за убиството на матурантот Анѓел Петковски од скопската населба Ѓорче. Одбраната побара ново невропсихијатриско вештачење, тоа е еден од многуте докази, објави Алфа.
Во судницата во која присуствувале вработени во полицијата кои на лице место правеа увид по убиството, соседи на семејството Петковски и таткото на починатото момче, бил покажан стапот со кој таткото на Ангел, Сашо Петковски, го удирал обвинетиот Насер Ештрефи. За адвокатот на семејството Петковски се е јасно, ножот бил во рацете на Ештрефи, објави Алфа.
Одбраната побара, а Судот треба да одлучи дали ќе дозволи второ невропсихијатриско вештачење врз обвинетиот.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа