Љупчо Зиков си замина од претседателската функција во АПМ

 

Љупчо Зиков си поднесе оставка на претседателската функција на Алијансата за позитивна Македонија. Тој денеска до Главниот одбор на партијата ја достави писмената оставка во која покрај другото наведува дека е незадоволен од функционирањето на партијата. 

– Оставката ја поднесувам заедно со поголем дел од членовите на Извршниот одбор. Мојата и нашата проценка е дека не постои брз начин за надминување на проблемите и блокадите во Алијансата. Вака поставена, Алијансата нема услови да ја реализира својата визија и програма која беше основниот фундамент околу кој се собравме во јуни 2013 година, се наведува во писмената оставка што ја поднесе Зиков до партијата. 

Во недела ќе се одржи седница на Извршниот одбор на партијата на која се очекува и официјално да биде верификувана неговата оставка.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 22:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега