Штипјанец силувал поп
Во вторникот во штипската населба Сењак, 39-годишен штипјанец се обидел да силува свештено лице. Настанот се случил откако попот и клисарот поѕвониле на вратата за да направат претпразнично светење со вода, пренесува ТВ Стар.
Во истиот момент штипјанецот видно се возбудил, го вовлекол свештеното лице во куќата и со голема сексуална страст го нападнал. Од поголеми проблеми свештеното лице било спасено благодарение на присебноста и мобилниот телефон.
Повикана била полиција и пожарникари кои ја скршиле вратата и него го извадиле надвор. По ова, напаѓачот бил приведен, а потоа му била укажана и лекарска помош.
Од Брегалничката епархија не сакаат да го коментираат немилиот настан, но од СВР Штип случајот се потврдува, додава ТВ Стар
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа