Ужас во Штип: Штипјанец се обидел да силува поп

 

Триесет и деветгодишен штипјанец вчера во населбата Сењак се обидел да силува свештено лице, a грозоморниот настан се случил откако  попот и клисарот заѕвонеле на  вратата за да направат претпразнично светење со вода.

Како што објавува телевизијата Стар, штипјанецот кога отворил врата видно се возбудил, го вовлекол свештеното лице во куќата и со голема сексуална страст го нападнал, но за среќа свештеното лице успеало да се спаси од неговите канџи. 

Повикана била полиција и пожарникари кои ја скршиле вратата и него го извадиле надвор. По ова, напаѓачот бил приведен, а потоа му била укажана и лекарска помош.

Од Брегалничката епархија не сакаат да го коментираат немилиот настан, но штипските полицајци го потврдуаваат случајот, дополнува во својата информација ТВ „Стар“.

 

 

Оцени ја веста

25.03.2015 - 12:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега