На Заеви не им пречи јазикот на БЈРМ
Дека кога станува збор за бизнис, идентитетот и јазикот за Заеви и не се толку важни покажуваат документите од купопродажбата на хациендата, со кои Заеви стануваат сопственици на трикатна куќа до самото Егејско море на Халкидики.
Во документите кои што ги објавивме денеска со кои Заеви станале сопственици на ексклузивната хациенда во Халкидики може да се види дека во ист ден, Заеви склучиле 3 договори на различни суми за продажба на имотот.
Интересно е што во самиот договор, Заеви, ставиле потпис на документ во кој јазикот на Република Македонија се нарекува јазик на БЈРМ. На документот стои потписот на Заеви во кој пишува дека договорот ќе се преведе на два јазика, меѓу кој и јазикот на БЈРМ.
Разликата во цените отвора серија сомнеж
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа