Пукање во Куманово: Лажни полицајци нападнале азиланти
Кумановчаните К.И.(51), Д.И.(30) и А.Ј.(21) од селото Брзак пред три дена во близина на железничката станица во селото, маскирани и облечени во војничка униформа со закана од гасни пиштоли претставувајќи се како полицајци се обиделе да извршат разбојништво над девет сириски и два палестински мигранти.
Настанот се случил околу еден часот по полноќ, кога едниот од напаѓачите испукал еден куршум, по што настанала физичка пресметка.
Истражен судија за претходна постапка на пријавените им одреди мерка притвор во времетрање од 30 дена.
Оцени ја веста
24.03.2015 - 12:08
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа