Бојку со нова дивоградба покрај Охридското Езеро

 

Струшката полиција поднесе кривична пријава против Ермин Бојку (30) кој на своја рака и без никаква дозвол почнал да си гради нов објект во комплексот "Аква Блу" на брегот на Охридското Езеро.

Тој се товари за бесправно градење и за узурпација на недвижности.  

Според информациите на струшката полиција, наследникот на Дилавер, на почетокот на годинава, ја поставил новата дивоградба а според увидот на градежен инспектор од општина објектот имал димензии 4 х 15 метри.  

Против синот на Дилавр Бојку, пред десетина дена беше поднесена кривична пријава бидејќи исто така на почетокот на годинава, без никакво одобрение за градба стартувал со градба на објект за одгледување на добиток на јужната страна на магистралниот пат Струга-Охрид.

 

 

Оцени ја веста

23.03.2015 - 11:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега