Заев се повеќе се заплеткува и потврдува дека власта не прислушувала

 

По секое објавување на креираните материјали од страна на Зоран Заев, тој сè повеќе се заплеткува. Со најновата бомба, како што ги нарекуваат од СДСМ, Заев уште еднаш потврди дека власта не прислушувала.

Лидерот на СДСМ дополнително покажа дека покрај тоа што директорот на ДБК Сашо Мијалков не прислушувал, тој всушност е главната цел на странските служби и агентурната мрежа на Верушевски. Потврда за ова се неколкуте објавени креирани снимки со братот на Сашо Мијалков, Влатко. Јасно е дека зад сценариото кое безуспешно се обидува да го провлече Заев, стојат странски структури, бидејќи не е логично директорот на ДБК да го прислушува сопствениот брат.

Дополнителен доказ дека првиот човек на ДБК е таргетот на странската служба чие сценарио во земјава го спроведува Заев, говори и фактот дека лидерот на СДСМ објави неколку креирани материјали на Мијалков во кои тој разговара со анонимни личности во јавноста. Истите тие немаат улога во политичкиот живот, па како и многу пати досега паѓаат во вода објаснувањата на Заев дека Мијалков го имало на снимките бидејќи разговарал со функционери и јавни личности кои биле прислушувани.

Снимките на кои СДСМ прикажува дека Мијалков разговара со лица кои не и се познати на јавноста, го дозаплеткуваат Заев и потврдуваат дека Мијалков е целта на прислушувањето. Веќе е јасно дека СДСМ сè повеќе се демантира и не може да прикрие дека и штети сè повеќе на државата вршејќи тешки кривични дела.

Дипломатот и политиколог Димитар Мирчев во интервју за Телеграф.мк потврдува дека сценариото на СДСМ и носи огромни штети на Македонија.

-Нема никаква гаранција дека објавеното не е монтирано, селектирано, инсталирано; при што отпаѓаат и тврдењата дека власта ја прислушувала опозицијата, напротив, излегува дека опозицијата ја „прислушувала“ власта. Очебијно е дека јавноста е веќе заморена од тој циркус на објавувани разговори. Време е да му се стави крај и целото „сценарио“ да се врати во Собранието и во институциите, вели Мирчев.

Искусниот дипломат смета дека Заев е веќе истоштен од тврдењата дека живее во една неправна, неслободна, недемократска држава.

 

 

Оцени ја веста

20.03.2015 - 16:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега