Ограбена црквата „Света Богородица"
Шеесет и деветгодишниот тетовец Н.Н, пријавил кражба во црквата „Света Богородица“ во Тетово, која се случила вчера околу 9 часот.
Клисарот на црквата во тоа време бил отсустен, а црквата отворена за верниците. Непознат сторител ја искористил приликата, влегол внатре и од две места одзел 1700 денари и набрзо заминал.
Слична кражба во оваа црква била извршена и на почетокот на овој месец, а во неа тогаш биле инволвирани три лица.
Оцени ја веста
20.03.2015 - 11:34
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа