Бразил подобар од Италија

 

 

Домаќинот Бразил синоќа ја победи Италија со 4:2 во 3.коло од А групата на Купот на конфедерации и со тоа го избегна светскиот првак Шпанија во полуфиналната фаза.

Кариоките доминираа во првото полувреме и преку Данте во 45.минута поведоа со 1:0. Први гол во вториот дел постигнаа Италијаните преку Џакерини во 51.минута за изедначување на 1:1. Домашните фудбалери преку Нејмар (55.минута) и Фред (66) го вратија и зголемија водството. На 3:2 намали Киелини (71), а конечниот резултат го постави Фред (89) со својот втор гол на овој натпревар.

На вториот синоќешен дуел во оваа група Мексико ја совлада Јапонија со 2:1. Ернандез постигна два гола за Мексико (54 и 66.минута), Оказаки погоди за Јапонија во 86.минута. Табела група А: Бразил 9 бодови, Италија 6, Мексико 3, Јапонија 0. Вечерва од 21 часот се играат средбите од 3.коло во Б групата: Шпанија – Нигерија и Тахити – Уругвај. Табела Б група: Шпанија 6 бодови, Нигерија 3, Уругвај 3, Тахити 0

најчитано сега