СДСМ и Соросовите платеници оркестрирано ја нападнаа својата земја на „Ал Џезира“
СДСМ продолжува да ја навредува и да и штети на Македонија, за сметка на задоволување на интересите на наредбодавачите за кои одработуваат.
Рафалните интервјуа и изјави на високи функционери на СДСМ поддржани од соросовите платеници и нанесуваат ненадоместлива штета на Македонија и имаат за цел да го расипат угледот на земјата. Доколку нивната цел навистина е слободна Македонија, како што велат, ќе го напаѓаат политичкиот противник наместо да ја напаѓаат земјата, овој пат во меѓународните медиуми.
Последен пример за ова е емисијата емитувана Ал Џезира каде Шеќеринска, Слаѓана Тасева, Уранија Пировска, Борјан Јовановски, Рамадан Рамадани оркестрирано плукаат по Македонија, притоа изгледајќи како да се натпреваруваат кој ќе биде поостар во нападите кон сопствената земја.
Во емисијата Македонија се третира како темна дупка, заостаната земја во која живее мнозинство население кое е православно и словенско, никаде во повеќе од 25-минутната емисија на Ал Џезира граѓаните на Македонија не се наречени Македонци. За оваа телевизија и македонските херои се грчки или бугарски, а Гоце Делчев, Даме Груев, Јане Сандански и останатите македонски војводи се претставени како лажни херои кои седат на коњи. За новинарот Јовановски, пак Македонците се Словени.
Ваквите изјави на високото раководство на СДСМ и Соросовите платеници се уште еден доказ дека одработуваат за туѓите интереси. Очигледно е дека целта не е напад врз политичкиот противник туку е напад врз сопствената земја, рушејќи го нејзиниот меѓународен углед, развојот и економскиот напредок, што всушност е основна цел на креаторите на сценариото кое го одработуваат Заев и Шеќеринска.
Потврда за ова дава и политичкиот аналитичар во интервју за порталот Телеграф.мк кој вели дека штетата која и е направена на Македонија е длабока, долгорочна и непресметлива.
-Земјата стана тема на странските медиуми и на разни форуми, во најнегативна конотација. Ако тоа беше целта на СДСМ, ја постигнаа! Меѓународниот рејтинг ни е намален сигурно за добри проценти. Тоа ќе се одрази и на решавањето на проблемот со името, и на странските инвестиции, а не само на приближувањето кон Унијата.Душманите и тие што очекуваат да се распаднеме – ликуваат. Од сето тоа произлегуваат сериозни последици за секој наш граѓанин. Што да кажеме, освен – браво СДСМ! Само така продолжете! Сечете ја гранката на која сите седиме, вели Никовски.
Тој додава дека тие што пред некој година нè правеле недоветни дека ќе нè внесат во Унијата за шест месеци, сега нè оддалечиле од Брисел повеќе од кога било во последните 10-ина години.
-Ем го избербатија угледот на земјата, ем го блокираа функционирањето на институциите на системот. Затоа прашањето, дали на раководството на СДСМ ѝ се важни судбината и перспективите на државата, или нивната борба за власт, нема цена?, заклучува искусниот аналитичар
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа