Васко Ефтов повторно ја “погреба“ СДСМ
Во 2001 година снимавме еден цел серијал интервјуа со Киро Глироров во хотелот Инекс Горица во Охрид. Сѐ уште не беше потпишан Рамковниот Договор. Додека пиевме кафе на терасата на хотелот, од каде се фрла најубав поглед на Охридското Езеро, дојде шефот на кабинетот на Глигоров и му вика: Претседателе ве бара Бранко Црвенковски. Разговорот траеше барем 20-тина минути. Не знам што одговараше Црвенковски, но можев да го слушнам Глигоров како му сугерира: Остај Бранко некој од врвот на партијата да каже несто против Рамковниот, немојте сите од прв до последен да давате исти изјави. Тоа не е добро за партијата. Утре што и да се случи таа партија мора да опстане и да продолжи понатаму да функционира. Денес гледаме каква цена СДСМ плаќа поради тој Рамковен Договор. Вториот совет кој му го даде беше: Излегувајте час поскоро од таа влада со ВМРО ДПМНЕ бидејќи тоа ви носи само штети. За првиот совет колку што гледаме Црвенковски не го послуша Глигоров, а неколку месеци подоцна СДСМ излезе од широката влада со ВМРО ДПМНЕ, напиша новинарот Васко Ефтов на својот фејсбук профил.
Тој ја критикува политиката на опозиционата СДСМ. Вели никој не може да биде газда на една партија.
-Во 2005 година снимав интервју со тогасниот премиер Владо Бучковски. Во кабинетот бевме јас, Бучковски, снимателот и советникот за односи со јавноста на Бучковски. Интервјуто беше „кланица”. Бучковски не можеше две минути да стане од столчето. А беше во тежок залет: ќе го славеше заедно со Бугарите празникот Кирил и Методиј, прв ќе го признаваше Косово, ќе ги реформираше “необразованите вмровци”, ја правеше групацијата Фабрика каде и тогаш како и денес се напикани цела булумента новинари, режисери, аналитичари, шефови на кампањи кои ги имаат изгубено сите избори на кои учествувале. Нив и денес ги гледаме залепени за опозицијата. Му викам: Премиере вие ќе ја завршите васата премиерска кариера со т.н. синдром на “мексикански боксер”. Имено, мексиканските боксери млади влегуваат во рингот, се “коцоперат” и тепаат со сите и на крај млади ја завршуваат кариерата. Не ме послуша. Сите гледаме како и каде ја заврши кариерата. Доаѓаме до денешната бомба на опозицијата. Сите јурисаат како во Битката на Неретва. Ги срушија сите мостови со оние кои не мислат дека е таа добра стретагија и дека ќе и нанесе непроценливи штети на партијата. Не оставија ниту еден во врвот на партијата да го изгради тој нов мост на Неретва со кои ќе бидат спасени преживеаните и ранетите. Се караат со сите. Нарачуваат плукања против сите. Само што не седнале на Илинденска, а не гледаат дека Сител 3, Канал 5 Плус и Собранискиот Канал на МТВ веќе се оспособуваат за директните телевизиски преноси од скорешното судење во врска со оваа огромна афера. Каде опозицијата треба да биде масакрирана и за век и веков да и биде закачена етикетата дека само со помош на создавање кризи и со помош на странски служби може да дојде на власт во државата. Зарем не го гледате тоа!? Зарем не ја сваќате опасноста од тоа што се подготвува!? Имате сила на тоа да одговорите со сила!? Секој е ковач на својата кариера, но никој не може да биде газда на една партија и нејзината историја – напиша Ефтов.
Не е првпат новинарот да ја критикува работата на партијата. Тој во мај 2013 година, за време на локалните избори веќе еднаш ја „погреба“ СДСМ, а важеше за голем поддржувач на оваа партија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа