За само еден ден осум лица колабирале од горештините кои ја зафатија Македонија
8 лица колабирале од топлото време за еден ден само во Скопје.Четворица паднале во бесознание додека се движеле по улица. Утринава Брза помош интервенирала и кај двајца скопјани кои биле на гробишта за Задушница па поради високите температури нагло им се влошила здравствена состојба, пренесе Здравство24.мк.
-Кај овие случаи има измешано чувство на емоции, а топлото време и високите температури го ослабуваат организмот и затоа се случуваат колапси. Последните 24 часа имаме и 5 до 6 предколапсни случаи. Тоа се лица со кои целосно не ја губат свеста, меѓутоа кај нив крвниот притисок им е намален и се без концентрација и малку зашеметени, вели д-р Љупчо Пајковски, раководител на смена во Скопската Брза Помош.
-Најчесто поголемиот број на граѓани не ги слушаат советите на лекарите, излегуваат надвор на сонце во најтоплиот период од денот незаштитени, додава д-р Пајковски.
ФОТО: Охридпрес.мк
Извор: Здравство24.мк