ТОП 10: КОРНИШОН & ВЕРУШ ГЕНГ

 

1. Не знам зошто, тоа тие си знаат, Љубе Бошкоски го нарекува лицето Стојанче Ангелов ПОШТАРЧЕ. Ем поштар, ем во деминутив. Стварно бил поштар? Стварно немал образование и ниту минат стаж за да биде квалифициран за раководна функција? Натаму, Предраг Петрушевски Бинго го прозива лицето Стојанче дека парите од дијаспората од Австралија наменети за бранителите, тој ги присвоил и пренаменил за отворање анти-македонска политичка партија! Уште понатаму, кумот на лицето Стојанче со име Зоран Крстевски, тврди дека љубовницата на Стојанче работела за ФБИ?! Брејјј, ама богат бек граунд!!!

2. Марин Бабиќ сака себе си да се спореди со Марлон Брандо. Се согласувам. Исте е, море плукнат, Марлонбрандо Реџеповски од Шутка. Во иста улица живеат со Кристијано Роналдо Селимовски.

3. Мариет Шурман е иницијатрот метросексуалецот од б‘лгарски происход Никола Димитров да ја преземе ВМРО. “Бројните“ поддржувачи се тројца членови на фамилија од Брајчино: Нана, Борјан и Тања! Масовно, цело село... “Пато, масовно е на цело село... Да се изгради“...

4. Никола Димитров со тричлена брајчинска банда. Стојанче пред МРТВ со 5-мина. “Мирниот марш за ослободување на МТВ“ организиран од Сорос со неколку десетици луѓе. Бомбата во Универзална на Дон Корнишон со 2.000 луѓе. Трибината на ГДОМ во Расадник со 3.000 луѓе. Трибината на ВМРО во Борис Трајковски во неделата 30.00 луѓе. Има разлика? И те како има.

5. Јове Кекеновски треба да си е на чисто дека Декекенизацијата на ВМРО е направена пред деценија-и-пол. И така и ќе остане до навек.

6. Владе Милчин, човекот во оставка, пишува: “Ако е вистина она што Геро го пишува...“? Еми, a ако не е вистина Владимире Лустрирани Милчине? Како што се што напиша досега Лепотанот што не е вистина и е измислица. Идеолозите на СДСМ се сведоа на стратегија “ако е вистина“ што кажал еди-кој-си. Затоа се и таму кај што се. Во ГЕРисот ма историјата.

7. СДСМ не го измонтирал (исекол) матерјалот предвиден за спин, онака како што планирал. Па тебе бе Роберт Поповски, никогаш леѓендата Грбе не би те примил во МТВ да гледаш како се монтира, а не да монтираш било што. “Грешка е што нашите не го исекле“ е изјавата на СДСМ!!!??? И, сеуште Саки и Спец ќе прават “сериозни“ дебати за оваа монтировка???

8. Во неделата не допатува од Амстердам Никола Димитров за да ја преземе партијата по налог на Мариет Шурман. Не се појави нити Стојанче Анѓелов со своите тројки што, пази бога ти, бројат по три луѓе. А, го немаше и Јове хармоникашот да опне еден “Чачак“.

9. Во неделата го слушнавме она што сите го знаеме, го посакуваме и го поддржуваме: 1. Владата на Р. Македонија не прифаќа уцени. 2. Нема предвремени избори. 3. ВМРО нема да прави техничка влада со никого. 4. СДСМ ќе си добие СЕРИОЗЕН одговор.

10. Во секоја демократија народот ја дава силата, легитимноста и довербата. Значи тие три елементи не ги даваат Сорос, невладини, странски амбасадори, бриселски бирократи, лажни Фејсбук профили, болни амбиции на поштарчиња, хармоникашчиња, корнишончиња, бугарофилчиња... Туку НАРОД. Завчера народот јасно и гласно кажа кому му верува и кого делегира да ја води државава. Во неделата “Анти Бомб Сквод“ ги деактивира петардите и глупостите. Од недела наваму МАКЕДОНСКИОТ народ продолжува да си ја гледа својата работа, својата иднина, својот просперитет. Што се однесува до мене, ја од неделата па натаму ќе ја чекам пресудата за бандата попозната како Корнишон&Веруш спај генг. Се надевам на двоцифрена бројка.

МИЛЕНКО НЕДЕЛКОВСКИ

 

 

Оцени ја веста

18.03.2015 - 19:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега