ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ сака да дели правда со креирани аргументи
СДСМ во Битола во отсуство на идеја за конструктивни решенија и програма само го копираат деструктивното однесување на претседателот на партијата Зоран Заев насочено против сопствениот народ и сопствената држава.
Тоа го оцени секретарот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Битола Игор Хаџиевски, по денешната пријава од битолската ОО на СДСМ на градоначалникот на Владимир Талески.
На овој начин, преку репризирање креирани снимени разговори за странски служби, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ, тие стануваат соучесници на лицето З.З. во нарушување на човековите права, нарушувањето на приватноста, обидите за сеење страв и несигурност меѓу граѓаните и целосно уривање на институциите на државата.
- ВМРО-ДПМНЕ се залага за целосно и неселективно почитување на Уставот, законите и институциите пред кои сите без исклучок сме одговорни и секој што постапил спротивно, а за тоа има цврсти аргументи и докази, неселективно треба да биде повикан на одговорност, наведува ВМРО-ДПМНЕ и додава дека СДСМ сака да дели правда по сопствена желба, со креирани и незаконски аргументи, само за да дојде на власт.
Само пред некој ден, потенцираат од ВМРО-ДПМНЕ, граѓаните им кажаа дека не сакаат „бомби“, туку конкретни дела за подобрување на животниот стандард и економскиот развој на Република Македонија.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа