Мајка од Визбегово по една недела пријавила дека и го нема синот
Мајка од Скопје синоќа се јавила во полициската станица во Чаир и побарала помош. Се работи за 38-годишната Ф.Т. од Визбегово која пријавила дека нејзиниот син неколку дена не се вратил дома. Според податоците од полицијата, се работи за 20-годишниот В.Т. кој исчезнал пред шест дена околу 13 часот и 30 минути.
Полицијата работи на пронаоѓање на младото момче.
Оцени ја веста
18.03.2015 - 12:46
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа