Три момчиња од Дебар направиле голем грев
Рано утрово три засега непознати сторители се обиделе да извршат кражба на икони од црквата „Св. Успение на Пресвета Богородица“ во Дебар. Полициската патрола од полициската станица во Дебар околу три часо по полноќ на улицата “Павле Џиковски“ ги забележала лицата како во возило марка „Голф“ со дебарски таблици ставаат повеќе предмети, по што откако виделе дека се забележани истите успеале да избегаат кон боровата шума над населбата „Варош“. При преглед на возилото пронајдени се 10 икони. Дополнително при преглед на теренот во близина на црквата, пронајдени се уште 11 икони.
Имено лицата, употребувајќи дрвена скала преку ѕид влегле во дворното место на црквата, а по тоа ја употребиле и за влегување преку прозор во црква од каде ги одзеле иконите.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа