Утре небото ќе го осветли "Супер Месечина"

Утре не пропуштајте да го погледнете феноменот Супер месечина на небото.

Имено, тоа е денот во годината кога Месечината се наоѓа најблизу до Земјата, па на некои места може да изгледа и застрашувачки голема.

Супермесечина е комбинација на полна месечина и најблиска оддалеченост од Земјата. Поврзаноста на супермесечината со океанските бранови довела до тврдења дека феноменот е поврзан со зголемен ризик од природни катастрофи, но докази за ова не постојат. Терминот бил доделен од Ричард Нол во 1979. 

најчитано сега