Страшна несреќа: Кочанчанец заврши под тркалото на својот трактор

Уште една несреќа ја потресе Македонија откако 60-годишен жител на кочанското село Тркање вчера околу 11 часот во дворот на семејната куќа, во обид да се искачи на тракторот, завршил под едното тркало.

Се работи за Т.Б. кој веднаш бил пренсен во кочанската болница, а од таму преку штипската Клиничка болница бил транспортиран во Скопје. Констатирани му се тешки телесни повреди.

Од штипската полиција, каде бил пријавен случајот, нема објаснување, како дошло до тоа тракторот без возач да почне да се движи, јавува Канал 77.

 

 

Оцени ја веста

17.03.2015 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега