Две момчиња ограбија жена на Партизанска

Синоќа околу 23 часот и 45 минути 24-годишната Н.П. од Виница, пријавила дека истиот ден околу 22 часот и 40 минути набулеварот Партизански Одреди, од страна на две непознати машки лица на возраст од околу 14-15 години извршена и е тешка кражба при што и е одземен мобилен телефон со што и е причинета материјална штета од околу 12.000 денари.

Според податоците од полицијата, едното лице и се приближило од левата страна и и побарало пари, додека другото лице се доближило и насилно со протнување на раката во десниот џеб од јакната на Н.П. и го одзело телефонот, по што двете лица избегале во непознат правец.

По преземени мерки малолетните лица се пронајдени и телефонот е вратен на жената од Виница.

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега