"Мамо убив двајца, морам во полиција"

Морам да одам во полиција и да пријавам дека убив двајца мамо. Со овие зборови 32-годишниот Мирослав Матиќ од Donja Bukovica осомничен за двојно убиство, се простил од својата мајка пред да оди во затвор.

Според податоците на српскиот Курир, откако Мирослав со автоматска пушка го убил таксистот со македонско потекло, Чира Тренески, го убил и свештеникот Мирослав Чворовиќ (39) по што ги оставил на улица во локви крв како ништо да не се случило и побегнал од местото на настанот.

Извор за српскот Курир вели дека по грозоморното убиство, Мирослав се јавил на мајка си и и рекол дека мора да оди да се пријави бидејќи усмртил двајца. Неговите родители останале во шок. Тој не кажал што го натерало да го направи убиството.

Потоа, убиецот отишол во полиција и сам се пријавил за делото кое го направил. 

За потсетување, телото на Чите беше пронајдено облеано со крв среде улица во Белград, а утредента за време на истрагата, на 150 метри од местото на крвавиот злочин, полицијата го откри и телото на несреќниот Мирослав кој бил убиен бидејќи се нашол на погрешно место во погрешно време.

 

 

 

 

Оцени ја веста

16.03.2015 - 10:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега